Сопругот на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ-Марјановиќ и синоќа остана во притвор. Инаку, на Зоран денес му истекува задржувањето од 48 часа во притвор. Покрај тоа, денеска се очекуваат и резултатите на ДНК анализата од трагите земени под ноктите на Јелена.„Јас сум ѝ стрина, но бевме како сестри. Сѐ уште не можам да поверувам дека вакво нешто се случи. Ја прочитав приказната на Зоран во весниците и некако сѐ ми е чудно, не се совпаѓа. Не сакам ништо однапред да тврдам и се надевам дека полицијата максимално професионално ќе ја одработи работата и ќе го пронајде убиецот. Не сме во контакт со семејството на Зоран и не сакаме да го видиме додека не заврши истрагата“ – изјавила стрината на Јелена, Гоца, која не можела да ги задржи солзите.
Според нејзината приказна, на Јелена не ѝ било толку убаво во куќата на семејството Марјановиќ.
„Таа не застануваше да здивне од работа. Постојано пееше за да заработи пари за нив и за болната мајка. Покрај тоа, требаше да готви, да пере, да се грижи за детето, бидејќи многу луѓе живеат во таа куќа. Колку пати досега се имав слушнато со неа околу полноќ и при завршувањето на разговорот ми велеше дека мора да оди да пегла. Постојано работеше. Никогаш директно не се пожали на Зоран, но можеби го криеше тоа заради доброто на семејството“ – вели Гоца.„Јас сум ѝ стрина, но бевме како сестри. Сѐ уште не можам да поверувам дека вакво нешто се случи. Ја прочитав приказната на Зоран во весницит



