Откриено ЗОШТО се убила малечката невеста!

Јавноста се шокирала од веста дека младата индијска актерка Патриша Банерџи  е пронајдена мртва во својот дом во Мумбаи откако извршила самоубиство.Боливудските медиуми јавуваат  дека 24- годишната телевизиска ѕвезда  во последните месеци била во голема депресија поради врската со вереникот Рахул Рај Синг. Парот наскоро требало да се венча, но Патриша одлучила да крене рака на својот живот.
На социјалните мрежи илјадници фанови изразиле сочувство  до семејството  на младата актерка,а меѓу нив имало и многу познати личности кои  соработувале со патриша. Чуениот боливудски режисер Каран Јохар на Твитер напишал: „Ова е толку тажна вест… но и апел за семејствата и пријателите  на оние по кои депресијата  не е болест… Почивај во мир…“ Доктор Кумар Вихвас изјавил: „Трагичен крај  за една весела, енергична и  талентирана девојка. засекогаш ќе ѝ недостигаш на индиската телевизија, Ананди“.
Најшокантниот детал за овој трагичен настан е инфомацијата која ја пренеле извори  кои се нашле на лице место во болницата во која била однесена актерката по самоубиството.

Нејзиното  безживотно тело, имено, го однел лично Рахул, а потоа веднаш побегнал заедно со нејзиниот телефон. Според пишувањето на боливудските медиуми, полицијата отворила истрага и планира да го испита Рахул за деталите кои довеле до оваа трагедија.

Патриша на почетокот на годината обвинила 8 мажи дека ја нападнале во нејзинот стан преправајќи се дека се полицајци, но обвиненијата биле повлечени. Извори блиски на ѕвездата велат дека и таа во скоро време била  „многу депресивна“ поради врската со Рахул. На социјалните мрежи актрката  не била активна од ноември месец, а последниот статус кој го напишала бил изјава за сочувство за жртвите од терористичките напади во Париз.Боливудските медиуми јавуваат  дека 24- годишната телевизиска ѕвезда  во последните месеци била во голема депресија поради врската со вер

Пронајдете не на следниве мрежи: