Актерот Џереми Ајронс, меѓу бројните изјави за неговото актерско остварување во најновото продолжение на Бетмен одлучи да прозбори и за абортусот.„Верувам дека на жените треба да им е овозможено да ја донесат одлуката, но исто така црквата е во право да каже дека тоа е грев. Затоа што грешните дејства нѝ штетат. Абортусот ѝ штети на жената – тој е неверојатен ментален напад, а понекогаш и физички. На некој начин, фала Богу што католичката црква вели дека нема да го дозволи, затоа што инаку никој не би рекол дека абортусот е грев“ – изјавил Ајронс во интервју за Гардијан.
Неговата изјава наиде на бројни осуди од страна на феминистките. Популарниот феминистички блог Џезебел го нарече „глупав“ за неговите изјави во кои се противи на абортусот, велејќи дека се конзервативни.
Но, актерот не се воздржува и не вели конкретно дека е против абортусот, туку едноставно дека таквата одлука доведува до нивно повредување – што е невообичаено да се слушне во холивудските кругови.„Верувам дека на жените треба да им е овозможено да ја донесат одлуката, но исто така црквата е во право да каже дека тоа е грев. Затоа што г



