Британската акерка Хелен Мирен (70), отсекогаш знаела дека родителството не е за неа, но сепак вели дека зажалила за таа одлука.- Го гледав филмот „Родителство“ и плачев дваесет минути. Многу ме допре. Но тогаш се смирив и повторно бев среќна – рече таа.
Хелен Мирен веќе 19 години е во брак со режисерот Тејлор Хекфорд.
И покрај тоа што никогаш не била мајка, актерката рече дека многу сака „деца“ затоа што се толку многу „слатки и смешни“.
Инаку, познатата актерка е помајка на двата сина на Тејлор, кои ги има од првиот брак.



