Имала баш се што една жена може да посака. Била многу барана на модните писти, а нејзиното лице ги красело насловните страни. Во 40-та, се уште во напон на силите, доживеала мозочен удар. Манекенката и фотомодел Клаудиа Масон отворено проговорила за животот по мозочниот удар.Прво што му го кажала на докторот откако ѝ ја кажал дијагнозата било: „Јас сум премлада за да доживеам срцев удар“. Тогаш имала само 40 години. Била во одлична телесна форма бидејќи цел живот се занимавала со танц, а нејзината кариера на модните писти се уште била интензивна.
Само 36 часа пред разговорот со докторот, кој ѝ го променил и спасил животот, играла во група, по што излегла од салата, поради силна главоболка. Мислела дека се работи само за мигрена. Идниот ден, на аудиција за реклама, се онесвестила во чекалната. Воопшто не знаела што се случува.
„Докторите подоцна ми кажаа дека требало да реагирам на болката во вратот кој често го чувствував, а која укажувала на згрутчување во артеријата“, рекла Клаудија.
Полни 6 дена лежела во болница и конечно сфатила: „Јас не сум супер јунак. Не сум непобедлива. Од болницата излегов како благодарна жена“.
Била збунета со дијагнозата бидејќи мислела дека мозочниот удар им се случува на лица постари од 70 години. Не знаела како да им соопшти на членовите на семејството дека ја погодило токму нејзе, совршена жена, манекенка, танчерка, убавица по која сите се вртат.
„Се плашев што ќе мислат за мене. Паднав во депресија, но брзо се вратив на работа. Телевизија филм, манекенство. Тоа ме врати во живот“, признава Клаудиа која денес живее како ништо да не се случило. Имала среќа. На време отишла на доктор, кој утврдил дека се работи за благ мозочен ударм по кој освен предупредување за смртта, немало сериозни последици.
„Може да им се случи на сите. Животот оди понатаму. Повеќе не играм, но ми одговара јога. Кој знае, можеби ќе ѝ се посветам на својата прва љубов, балетот“, порачува Клаудија.Прво што му го кажала на докторот откако ѝ ја кажал дијагнозата било: „Јас сум премлада за да доживеам срцев удар“. Тогаш имала само 40



