„Подобра сум подебела“: Иги Азелија покажа што ѝ направиле со фотошоп за да може да се појави на насловна!

Раперката и пејачка Иги Азелија неодамна се фотографирала за насловна страна на едно списание.Но, кога финалната фотографија била готова имала неколку замерки.
Имено, на својот Tвитер профил објавила фотографија од пред и по фотошоп, а под фотографијата напишала: „Ми се доаѓа, но повеќе би ја одбрала фотографијата која не е обработена  отколку оваа на која изгледам послабо  и со помали  колкови“.
Покрај помалку килограми и  намалени колкови, на фотографијата се гледа дека нозете ѝ се помали, половината дефинирана, а дури  отстранети се и  наборите од облеката. Шминката нагласена, а она што исто така е чудно е тоа што и папокот ѝ е отстранет.
 А прашањето на нејзиниот фан зошто фотографијата е преработена, таа одговорила:
„Немам поим- јас сум многу задоволна со величината и изгледот“.

 
Инаку, Иги не крие дека оди на пластична хирургија, а изјавила  дека имала корекција на носот и градите за да си ја зголеми самодовербата.
„Не одрекувам, тоа е безсмислено. Не би требало да ви биде срам доколку сте направиле промени на своето тело. Постојат  работи кои едноставно морав да ги оперирам, но постојат многу работи кои не  ми се допаѓаат, но научив да ги прифатам онакви какви што се.
Но, кога финалната фотографија била готова имала неколку замерки.
Имено, на својот Tвитер профил објавила фотографија од пред и по фотошоп,

Пронајдете не на следниве мрежи: