Шабан Шаулиќ со солзи во очите дочека вест за неговата ќерка!

Ќерката на Шабан Шаулиќ неодамна дозна дека е бремена, а оваа вест ги израдува членовите на нејзиното семејство, посебно нејзиниот татко.Илда Шаулиќ (38), со сегашниот партнер кој го крие од јавноста, за бременоста вели дека е во почетна фаза.
-Никогаш не сум говорела за мојот приватен живот, па нема ни сега, вели Илда.
Инаку, Илда за своето поранешно момче проговори дури кога му раскина. Причината за раскинувањето била што тој не сакал да основаат семејство.
-Имав најголема љубов, но таа помина, а сега сум среќна и благословена поради тоа што ја почувстував. Верувам дека во животот ќе имам уште љубов, но не верувам дека ќе биде толку силна и јака, рече пејачката.
Илда му е посветена на семејството, посебно на децата од својата постара сестра Санела, Лука и Уна, кои се израдуваа што нивната тетка ќе стане мајка.

Пронајдете не на следниве мрежи: