Почина еден од најпознатите македонски актери

Синоќа во Скопје на 86 годишна возраст почина актерот Ацо Јовановски (1930 – 2016), бард на македонското глумиште, кој целиот свој работен век го помина во Драмскииот театар од Скопје, објави порталот cooltura.mk.Ацо Јовановски (роден на 31 декември 1930 во Скопје) е македонски филмски, театарски и телевизиски актер, еден од легендите на македонската драмска сцена. Тој е од првата генерација на дипломирани актери.
Во неговата богата кариера има одиграно 10 до 12 врвни улоги, како во македонските така и во југословенските претстави, филмови. Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. Според неговите актерски остварувања може да се окарактеризира како актер кој успешно и подеднакво се снаоѓа во толкувањето улоги во комедии, историски драми и филмови со современа тематика.
За нив има добиено многу награди: за животно дело, за ролји и еден орден за труд. Тој е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица“.
• Театарски улоги: Долго патување во ноќта – Едмонд, Пепелашка – Принцот, Манде –Турчинот, Галеб – Третљов.

Пронајдете не на следниве мрежи: