ЖЕСТОКА РАСПРАВИЈА ВО ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД: Мене милион пати не ми се допаднала…

Популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и изминатата сабота ги претстави талентираните учесници, но место во следниот круг си обезбедија само десет кандидати.Меѓутоа, најновата епизода ја обележа жестоката расправија меѓу претседателот на жирито Шабан Шаулиќ, Босанац и Ана Бекута.
Имено, кралот на народната музика им забележа на своите колеги дека ги бојкотираат неговите песни кога ги пее некој од кандидатите.
-Кога се моите песни во прашање, гласови нема. Сѐ почесто ме бојкотираат, рече Шабан, а на описот на Ана Бекута дека не и се допаднало како отпеал, Шабан додаде:
-Мене милион пати не ми се допаднала твоја песна, но секогаш притискам на тастер, заклучува Шабан.
Беше чудо што овој пат во расправијата не се вклучи Карлеуша.

Пронајдете не на следниве мрежи: