Екрем Јевриќ ги собра симпатиите на луѓето со песната „Куќа, посо“, а неговата смрт ги изненади сите.Неговите најблиски побараа да се изврши обдукција поради неговата ненадејна смрт, а резултатите потврдија дека Екрем почина од срцев удар.
Роднината на Екрем, Шефкир, откри дека тој и порано имал проблеми со срцето.
„Сите плачат по него, толку многу луѓето го сакаа и илјадници изразија сочувство на неутешното семејство. Екрем зад себе ги остави синовите Енис, Вердин, Хајрудин и Берат. Тој пред неколку месеци беше на комплицирана операција поради затнување на крвните садови, но не се придржуваше кон лекарските совети и продолжи да пуши.“
Екрем е роден во Црна Гора, но повеќе од две децении живееше со семејството во Њујорк. Таму преживуваше работејќи физички работа, а подоцна преку ноќ стана интернет сензација. За него пишуваа и Би-Би-Си, Индипендент и њујоршките медиуми, коишто го нарекоа „балкански Борат“, а се појави дури и во неколку рекламни кампањи.Неговите најблиски побараа да се изврши обдукција поради неговата ненадејна смрт, а резултатите потврдија дека Екрем почина од срцев удар.



