Во екот на скандалот за допинг тестот што не успеа да го помине, славната тенисерка Марија Шарапова излезе пред очите на јавноста.Во црн комплет, со многу малку шминка и наведната глава, Марија објаснувала што ѝ се случило.
„Не дозволувајте тоа да ве прелаже. Секое движење, секој покајнички израз на лицето е резултат на циничната кореографија со цел да ги задржи спонзорите коишто во неа вложуваат 20 милиони фунти годишно“ – открива познатиот новинар Дејвид Џоунс, кој одамна го следи животот и кариерата на познатата тенисерка.
„Секако, веднаш ќе помислите, зошто позната спортистка ризикувала толкаво богатство поради апчиња?
Ќе почнеме од нејзиното детство. Шарапова била толку проблематично дете, до толку што тоа одело до ниво на дисфункционалност. Нејзините родители Јури и Јелена избегале од Чернобил и се преселиле во Сибир малку пред нејзиното раѓање во 1987 година.
Според нејзината приказна, избегале поради нуклеарна катастрофа, но пријателите и роднините на нејзиниот татко велат дека во вените на Шарапови течат само пари и дека се преселиле поради подобра заработка. Имено, тој сакал да стане професионален велосипедист и скијач, но не успеал во тоа. Потоа, забележал исклучителна координација на движења кај својата ќерка и веднаш одлучил да ја запише на тенис. Имала само три години.
Иако уште како мала морала да поднесе многу жртва поради талентот, Јури во нејзе видел карта за богатство. Кога наполнила шест години, се преселил со неа на Флорида, кадешто се наоѓале најдобрите тениски тренери и на две години ја одделил од мајка ѝ, бидејќи немале парични средства тројцата да се преселат таму.
Во првите години во Америка, Марија била несреќна и депресивна. Предизвикувала љубомора кај останатите девојчиња кога го освоила училишниот турнир, па богатите деца почнале да ја исмеваат поради материјалната состојба и поради тоа што татко ѝ работел како мијач на садови во ресторан.
Меѓутоа, Јури видел само еден начин – секој ден ѝ го „перел мозокот“ со една и единствена приказна: успех, богатство и за тоа како сите понижувања ќе паднат во вода кога ќе достигне светска слава. Ја терал да вежба сѐ додека рацете не ѝ станувале целосно прекриени со плускавци од тешкиот рекет, а викал на неа кога не можела да го направи тоа што тој го имал замислено.
Сепак, неговите методи резултирале со успех. Кога имала само 9 години, Марија го освоила женскиот турнир за помлади од 16 години и богатството веќе било на видик. Наскоро го освоила и Вимблдон, а Јури веднаш ја продал нивната куќа на Флорида и купил вила, а скромниот автомобил го заменил со луксузна лимузина.
Најпознатите компании и брендови почнале да се натпреваруваат за неа, се чинело дека Шарапова го живее најубавиот сон – се нашла на насловната на славниот Воуг, купувала во најскапите продавници, ја поврзувале со најпознатите и неверојатно богати мажи.
Иако сѐ изгледало совршено, тука била и тажната страна на реалноста. Незаситниот Јури ја преземал улогата на менаџер и така ѝ ги земал заработените пари. Станал толку алчен, што на мене ми бараше да му платам 100.000 фунти ако сакам интервју со неа! Поради таквото однесување, мајката на Марија се разведе од него.
Поради константниот притисок од страна на татко ѝ, станала нерасположена, повлечена во себе, престанала да ги сака луѓето. Почнала да одбива да дава автограми на младите на кои им е пример и на оние коишто ја обожуваат.
Се чини дека во 2004 година го доживеа најтешкиот – успех на тенисерката Серена Вилијамс.
Иако заработувала двојно повеќе од помладата колешка, победила во два од три меча, вклучувајќи го и финалниот. Упорноста на Серена и желбата за победа доведе до тоа конечно да ја порази цели 18 пати! Тоа што најтешко ѝ падна на Шарапова е што Вилијамс уживаше во своите победи над неа.
Тогаш излегло најлошото од Марија – на сите можни начини ја обвинувала Серена дека е во врска со нејзиниот тренер којшто бил женет и имал две деца. Годините на препукување и тешки навреди не ја спречиле Серена повторно да ја „понижи“ Марија на теренот, а тука е и последниот потег со кој Серена ја докрајчила – кога беше објавена веста дека Шарапова паднала на допинг тестот, Серена објавила иронична фотографија на која позира во близина на аптека.
Ова беше последното понижување за паднатата ледена кралица“ – раскажал Џоунс.Во црн комплет, со многу малку шминка и наведната глава, Марија објаснувала што ѝ се случило.
„Не дозволувајте тоа да ве прелаже. Сек



