Бекер откри ТАЖЕН ДЕТАЉ од детството на Ѓоковиќ: Еве зошто не можат да го победат!

Најдобриот српски тенисер и првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ, годинава е номиниран за престижниот Лауреус трофеј кој се доделува на најдобриот спортист на светот.Неговиот тренер воопшто не е зачуден што Новак се најде на листата кандидати за наградата која минатата година ја има освоено.
Болт, Стивен Кари, Лионел Меси, Луис Хамилтон и Џордан Спит – тоа се имињата помеѓу кои се најде и името на Ѓоковиќ, а Бекер тврди дека главна причина е таа што Новак и покрај толку успеси не се откажува. Според него, тој е уличен борец кој е најдобар токму тогаш кога е најтешко.
-Тој има неверојатна мотивација да победи и за разлика од другите, тој секогаш сака да оди скала погоре. Ѓоковиќ не е растен со златна лажица. Тој е роден во Србија во време кога беше растргната од војни и токму поради тоа тој неколку пати мораше да се сели. Бомби му летаа над главата додека растеше, можете ли тоа да го замислите? Милсам дека токму тоа го одреди неговиот карактер. – порачал Бекер во интервју за британските медиуми.
New layer…

Пронајдете не на следниве мрежи: