– Иако требаше да лежам, дојдов само поради Станија – вели Голубовиќ.Поранешниот фармер Кристијан Голубовиќ во суперфиналната вечер се појави во студиото на Шимановци, иако пред два дена имаше операција на глава.
Поранешниот фармер можеби и најголемиот фаворит за шестата сезона на „Фарма“, рече дека дошол само за да ја поддржи Станија Добројевиќ која беше во најтесниот круг во борба за главна награда.
Дојдов само поради Станија. Станија ми е вистински пријател, сите останати се дебили! – вели Кристијан, и открива дека за учеството во реалното шоу добил 2 пати по 50.000 евра.
Се фотографираше и со мајката на Станија, а на прашањето дали тоа значи дека поради Станија го прекршил постоперативното закрепнување, Кристијан одговори:
– Докторот ми рече дека на своја одговорност излегувам од болница и строго ми советуваше мирување. Иако требаше да лежам, дојдов поради Станија.
Поранешниот фармер Кристијан Голубовиќ во суперфиналната вечер се појави во студиото на Шимановци, иако пред два дена имаше операција на глава.



