Адвокатот на семејството на Михаел Шумахер, Феликс Дам, откри зошто семејството на славниот германски возач не открива детали за здравствената состојба на седумкратниот светски шампион во Ф1.Шумахер закрепнува по тешка повреда на главата што ја заработи на скијање во Франција на 29. декември 2013. година. Едно време беше во вештачка кома во болница во Гренобл, а сега се наоѓа на рехабилитација во својот дом во Швајцарија.
Иако поминаа две години од тешката несреќа, семејството на славниот возач ги крие деталите за неговата здравствена состојба.
Спортскиот свет со нетрпение очекува вести за Шумахер, но секоја информација објавена во јавноста е демантирана од страна на семејството.
„Михаел секогаш имаше јасна линија помеѓу јавниот и приватниот живот дури и пред несреќата. Самата несреќа е дел од историјата и може да се известува за тоа, но не и кога ќе почне закрепнувањето. Можам да разберам дека постојат луѓе коишто сериозно се заинтересирани за неговото закрепнување. Меѓутоа, од друга страна, мора да разберете дека тој повеќе не се натпреварува и дека има право на приватност. Не можете да кажете дека со соопштување би можело да се одговори на сите отворени прашања. Наместо тоа, секоја изјава би доведувала до нови прашања“ – рекол Дам.Шумахер закрепнува по тешка повреда на главата што ја заработи на скијање во Франција на 29. декември 2013. година. Едно време беше во вештачка ком



