Најславниот актерски пар Анџелина Џоли и Бред Пит, повторно заедно ќе се појават на филмското платно и во нивниот заеднички филм нема да бидат изоставени врелите љубовни сцени.US Weekly вели дека во филмот „By the sea“, Анџелина и Бред ќе глумат брачен пар, а дека нема да недостасуваат ниту луди сцени на секс кои ќе бидат снимани во една куќа во Малта.
Филмот ќе го режира Анџелина, а за Би Би Си изјавила дека планира да ја напушти актерската кариера, што би значело дека овој филм е последен за неа.
„Станува збор за драма која ја напишав пред неколку години. Бевме многу нервозни кога го започнавме проектот, бидејќи ние сепак сме партнери во приватниот живот и тоа не е едноставно, но Бред ми дава огромна поддршка и многу сум среќна поради тоа“, изјави Анџелина.
Снимањето на филмот е закажано за наредниот месец.US Weekly вели дека во филмот „By the sea“, Анџелина и Бред ќе глумат брачен пар, а дека нема да недостасуваат ниту луди сцени на секс



