Актерката Џенифер Анистон конечно ја отвори душата за тоа како се чувствува поради медиумскиот притисок по повод венчавката и мајчинството во кое се уште не се остварила.Актерката неодамна во интервју за американските медиуми заборувала за положбата на жената во општеството, па допрела и до темата поради што не се омажила и не родила дете.
„Разговарав со новинарката на таа тема бидејќи многумина ме прашуваат дали веќе сум се омажила, ќе имам ли некогаш деца. Постојано ме прашуваат а јас не знам да им одговорам на тоа прашање. Немам некоја листа на работи кои морам да ги направам. Па доколку и не го остварам тоа, не мора да се чувствувам како да сум паднала на испит за феминизам или да ги занемарам сопствените вредности бидејќи не сум родила. Чувствувам мајчинска приврзаност кон многу работи, мислам дека не е фер да се прави толкав притисок врз жените“, порачала Џенифер.Актерката неодамна во интервју за американските медиуми заборувала за положбата на жената во општеството, па допрела и до темата



