Поранешниот директор на ЦИА го купи српски „Блиц“

Поранешниот шев на ЦИА Дејвид Петреус преку својата „KKR група“ купил дел од швајцарската компанија „Ringier“, во чија сопственост, помеѓу останатото, се наоѓа и сајтот „Блиц“!ККR група, инаку сопственик на најголемиот српски оператор СББ, откупила 49 проценти од дигиталниот дел на „Ringier“, кој во Србија покрај сајтот „Блиц“ ги поседува и сајтовите „Ало“ и „24 сата“!
Оваа американска компанија преговара и со „Антена група“, најдолема медиумска куќа во југоисточна Европа и сопственикот на Тв Прва и Б92, што значи дека Американците наскоро практично ќе загосподарат со медиумската сцена во Србија.
Професорот по радио- новинарство на ФПН Раде Вељановски истакнува дека ККР може законски да купува телевизиски и пишани медиуми, но дека во тој случај ќе се јави проблем кај медиумската концентрација и преголемото влијание.
„Законот дозволува поседување различни медиуми во Србија, но мора да се обрне внимание на можната медиумска доминација која никако не е добра. Мора да се внесат ограничувања кои ќе ја спречат концентрацијата на сопственост во една држава, а РРА никогаш не реагирала на овие проблеми. Законот за РРА не е регулиран најдобро, бидејќи постојат одредби кои мора итно да се променат и затоа пред две години предложивме дополни и измени кои се однесуваат на ова прашање. Сепак, ништо од тоа не е усвоено“, објаснува Вељановски.
Директорот на РРА Горан Караџиќ, на друга страна, не гледа ништо спорно во ова.
„ККR, колку што знам, не поседува ниту една телевизија и поради тоа можат да го купат „Ringier“. Тие се еден од петте најголеми инвестициски фондови на светот и таквите фирми по правило имаат добри тимови на адвокати кои не прават грешки“, заклучува Караџиќ.ККR група, инаку сопственик на најголемиот српски оператор СББ, откупила 49 проценти од дигиталниот дел на „Ringier“, кој

Пронајдете не на следниве мрежи: