Македонскиот кошаркар Перо Антиќ стана првиот Македонец што ќе настапува за НБА тим во НБА лигата, поточно за тимот на Атланта, тој веќе го даде и првото интервју по потпишувањето на двегодишниот договор со Атланта.Македонскиот кошаркар Перо Антиќ ја крена Македонија на нозе откако потпиша за НБА тимот на Атланта, и стана првиот Македонец што ја имал честа да биде дел од „шлагот“ на светската кошарка, па еве го неговото интервју за клубската телевизија на Атланта.
Хоукс ТВ: Ова не ти е првпат во Атланта, си дошол и претходно. Што мислиш за градот, кој наскоро ќе биде твој дом?
Перо: Градот е прекрасен. Минатото лето пет дена бев тука, го разгледувавме градот. Жешко е, но градот е прекрасен и се радувам што сум тука.
Хоукс ТВ: Сигурна сум дека ја следиш НБА. Со кој играч би можел да се споредиш според начинот на игра?
Перо: Можеби ќе звучи дека сакам да ги фалам моите соиграчи, но ми се допаѓа како игра Ал Халфорд, начинот на којшто се движи и дава кошеви. Но иако сум нов во тимот, имам искуство и се надевам дека ќе придонесам кон тимот.
Хоукс ТВ: Што мислиш дека ќе ти биде најголем предизвик при транзицијата во НБА?
Перо: Соиграчите и тренерот сигурно ќе ми помогнат. Разговарав со тренерот Мајкл. Средно училиште завршив во САД и ја познавам играта. Иако ќе ми бидат потребни неколку недели да се адаптирам, мислам дека брзо ќе се вклопам во тимот и дека ќе имаат корист од мене.
Хоукс ТВ: Поставата на тимот се менува. Што те радува тебе во врска со промената?
Перо: Ова е првпат играч од мојата земја за дојде во НБА. По двете победи во Евролигата можев да заминам во некој помал тим, но сакав поголем предизвик и да им помогнам на соиграчите да се искачат погоре.
Хоукс ТВ: Обожавателите секогаш сакаат да знаат какви се кошаркарите надвор од теренот. Имаш ли хоби, што те интересира?
Перо: Коли и тетоважи. Многу време поминувам во салони за тетовирање и околу коли. Сакам американски коли, имам два „мустанзи“, колекционер сум. И секако, сакам да поминувам време со семејството и двајцата синови.
Хоукс ТВ: Имаш ли омилена тетоважа?
Перо: Имам две омилени тетоважи од моите синови. Тие ми се омилени.
Хоукс ТВ: Дали размислуваш некогаш во иднина да го истетовираш логото на Атланта хокс?
Перо: Ќе видиме што ќе донесе иднината.
Хоукс ТВ: Имаш ли некоја порака за навивачите на тимот за следната сезона?
Перо: Да не поддржуваат. Јас ќе го дадам најдоброто од себе, ќе внесам енергија на теренот и ќе направам
се што е во корист на тимот. Ќе се обидеме да ги расположуваме со победи.
Видео: www.nba.com/hawks
Преводот е преземен од: Курир.мк – Превод: И.Д.Македонскиот кошаркар Перо Антиќ ја крена Македонија на нозе откако потпиша за НБА тимот на Атланта, и стана првиот Ма