Новиот генерален секретар на Владата: НЕ за НАТО, бомбардираат земји, помагаат терористи

Денеска за генерален секретар на Владата на Република Македонија беше избран Драги Рашковски. Заев кажа дека за новата влада нема поважна цел од  интергрирање на Македонија во ЕУ и НАТО. Но, новиот генерален секретар на Владата, инаку другар на Заев, нема исти ставови како својот шеф.Тој на ораторскта вечер „Иво Пухан“ во 2006 година во текст со наслов- „НЕ“ за НАТО, пишува  за според него негативните страни на НАТО и не сака никако да прифати Македонија да влезе во таа организација.
Текст на Драги Рашковски со наслов: „НЕ“ за НАТО
Мојот говор нема да се потпира врз Статутот на НАТО или врз изјавите на неговите челници, туку врз реалноста. Нато стана страв и трепет за сите држави кои имаат нешто вредно во себе, а немаат никој зад себе. За да се фатиме со нив на оро ние одамна играме како што тие ни свират. Но залудно. Не не сакаат според мене и подобро, затоа што нивната љубов убива, а кој не не сака? Оние кои помогнаа на Југославија да се ослободи до Милошевиќ и со оние кои нам ни помогнаа да се справиме со теротистите.

За да го фатат Милошевиќ, ја растурија цела Србија. Бомбардираа секаде и сешто, дури и таму каде што немаше ни теоретски шанси да се наоѓа Милошевиќ. Фабрики, цивили, згради, болници, телевизии, но по грешка и една амбасада, но стариот лисец постојано шеташе, па им текна да ги срушат мостовите за да не им бега. Нивната дрскост беше уште поголема со оглед на фактот дека го заобиколија Советот за безбедност. Главноговорниците на НАТО изјавуваа: Го бомбардираме режимот за да ги заштитиме човековите права, а не ги бомбардираме граѓаните на Југославија. Жими мене, кој режим го најдоа во училиштата у детската градинска. Бомбардираат за да го спречат егзодусот на Албанците, а 45 проценти од бегалците велеа дека бегаат од бомбите на НАТО. 79 дена го бараа Милошевиќ, а прекинаа со барањето откако Југославија побара примирје, а Милошевиќ не беше фатен. Значи целта им била друга.
Ние правевме се како што ни велеа 350 илјади бегалци ги ситуиравме претежно на наш грб. Не поткекнавме, единствено поради тоа што редовно не тапкаа по рамо.
Во знак на благодарност за нашите заложби решија и нам да ни помогнат со терористите. Најчуствително место беше границата со Косово. Тие како поискусни ја чуваа. Од тогаш рапидно се зголеми бројот на овчарите кои ја поминуваа границата, небаре во Македонија се одржува семинар за овчари, зачестија свадбарите кои се веселат со фрлање на бомби кашикари, и со пукање од автомати. Состојбата ја релаксираа со играње криенка. За да не ни биде досадно, кога ќе ги прнајдевме терористите, тие ги дислоцираа, за повторно да ги бараме. Велеа дека нема фер плеј, сме мавале многу силно, а заборавија дека играме на домашен терен. За терористите имаа храна и облека. Под тезга им даваа и оружје. Граѓаните на Куманово пак немаа ни вода за пиење, зошто не можеа да преговараат. Колебајќи се како да ги крстат на крајот решија терористите да ги викаат борци за човекови права, борци кои своите фамозни човекови права ги бараа со масакрирања војници, со палење куќи, со протерување на оние што не се нивни.
Да не заборавиме. Ни ги користеа воените бази патиштата, аеродромите, а не ни платија. Ги збогатуваа нашите езера со остатоци од радиоактивни материјали. Не претставија како земја во која малцинствата се обесправени, а во Македонија тие сами си ги создаваа правилата, Шлагот го чуваа за крај. Ни го стокмија Рамковниот договор по нивен терк, по до ден-денеска по разни иституции ни праќаат експерти од оваа област за да ни го перат мозокот дека ваква РАМКА најубаво ни стои. Од нас бараа пропорционална застапеност, а во првичните напади врз Југославија, од 680 авиони, 500 беа американски. Е сега дали е НАТО-НАТО или е НАТО-САД, задно нејзиното верно островче Велика Британија.
Зошто НЕ за влез во НАТО. Прво. Не не сакаат. Врото, економскиот проблем во Македонија е преголем, за да трпи оптоварувања кои со наметнуваат со акциите за нашето приближување кон НАТО. Ќе треба ли ДДВ-то повторно да го зголемуваме. Трето. Ако НАТО нам ни е потребен како гарант за безбедноста, не дај боже НАТО пак да ни гарантира. И четврто, она што сите го забораваат. Ако веќе de facto изгубивме дел од територијатам барем моралот нека ни е цел. Зошто додека парите и љубовта го вртат светот, НАТО бомбардира.
Тој на ораторскта вечер „Иво Пухан“ во 2006 година во текст со наслов- „НЕ“ за НАТО, пишува  за според него негативнит

Пронајдете не на следниве мрежи: