Младите невработени лица остануваат во фокусот

Слободанка Алексовска, раководител на Центар за вработување на Град СкопјеМерката самовработување секогаш е актуелна, какви се резултатите и очекувањата за 2016?Во Оперативниот план за активни мерки и програми за 2016 година е опфатена и мерката за самовработување, којашто на 960 невработени лица, активни баратели на работа од евиденцијата на АВРМ им овозможува вработување во 910 новоотворени микропретпријатија. За оваа мерка е предвиден буџет од 205.745.300 денари. Право на учество во програмата Самовработување имаат сите невработени лица регистрирани како активни баратели на работа.За реализација на секое самовработување се предвидува поддршка со неповратни средства во висина на 201.600 денари, од кои 185.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали, додека останатите 16.600 денари служат за поддршка во вид на основна обука за претприемаштво и водење бизнис во времетраење од најмалку 30 часа, ваучер – систем за изработка на бизнис- план и поддршка при регистрирање на бизнисите. Најуспешните 15 кандидати кои ќе презентираат одржливи и иновативни бизнис-планови и во согласност со критериумите за евалуација се оценети за бизниси кои имаат најголем потенцијал за раст, ќе добијат грант во вкупен износ од 257.000 денари во вид на директна поддршка за набавка на опрема и/или репроматеријали. Кандидатите кои ќе презентираат одржлив бизнис-план, кој јасно укажува на потреба од дополнително вработување ќе добијат грант од 293.600 денари од што 201.600 денари за реализација на самовработувањето и отворање на бизнисот и 92.000 денари за дополнително вработено лице. Доколку некој од најуспешните 15 кандидати со иновативни бизнис-планови предвидуваат дополнителни вработување и при тоа од комисијата нивниот бизнис- план е селектиран меѓу најуспешните 50 бизнис-планови, на овие корисници ќе им се одобри и дополнителен грант од 92.000 денари. Во тој случај, вкупната поддршка за набавка на опрема и/или материјали ќе изнесува 349.000 денари.Можност за отворање сопствен бизнис имаат и инвалидните лица. Што се' е потребно за да се искористат потребите за оваа мерка?Целта на програмата е да се зголеми пристапот и учеството на лицата со попреченост, како и да се зголемат можностите на пазарот на трудот за нивно вработување. Во 2016 година веќе на 30 лица со инвалидност им беа доделени договори за самовработување и грантови од 5.000 евра во денарска противвредност, за отпочнување на свој сопствен бизнис со коишто средства можат да набават опрема и репроматеријали.Сите оние коишто имаат потреба од дополнително вработување ќе добијат дополнителни 92 илјади денари за секое новоотворено работно место, до 2 новоотворени работни места. Грантот може да се движи во вкупен износ од 480.000 денари што е една солидна сума за да се започне со реализација на која било бизнис- идеја.Исто така можат да ги користат правата и бенефициите од посебниот фонд во согласност со Законот за вработување на инвалидни лица и според позитивните законски прописи.Какви можности добиваат младите во АВРМ?Младите невработени лица секогаш се во фокусот на АВРМ, тие се опфатени како посебна целна група во сите мерки за вработување.Во мерката за самовработување 300 невработени млади лица од евиденцијата на АВРМ на активни баратели на работа ќе се поддржат во основање сопствена фирма, формализирање на веќе постојната (неформална) дејност и во создавање дополнителни вработувања.Во 2016 година младите невработени лица добија можност да ги посетат бесплатните обуки за основни компјутерски вештини и за странски јазици.Обуките за основни компјутерски вештини ќе бидат насочени кон клучните апликации кои ги покриваат. Планиран е опфат на 1.000 лица.Обуките за странски јазици ќе бидат насочени кон курсевите кои ги покриваат нивоата на Европската јазична рамка на Советот на Европа, за еден од трите најчесто користени јазици: англиски, француски, германски. Планиран е опфат на 1000 лица.Продолжуваме со мерката практикантство наменета само за млади лица до 29 години, каде што три месеци ќе добиваат реална пракса во компанија и материјален надоместок во износ од 6.200 денари, со вклучено осигурување при повреда на работно место.
Утрински весник.мкМерката самовработување секогаш е актуелна, какви се резултатите и очекувањата за 2016?Во Оперативниот план за активни мерки и програми

Пронајдете не на следниве мрежи: