Дупки на прозорците на новите возови: Казната за оштетување е 500 евра, а вандализмот продолжува

Доколку со намерно оштетување се предизвика и загрозување на безбедноста на железничкиот сообраќај тогаш тие постапки се квалификуваат како кривични дела и за нив се предвидени казни затвор. Сепак, досега не се пронајдени оние што прават штетиДупки на прозорците, скршен дел од надворешноста, уништен дел од ентериерот, се видливи на еден од новите возови што беа набавени во земјава за обнова на возниот железнички парк. Сепак, се чини дека некому или му смета што во земјава дојдоа конечно нови возови или, пак, му е предизвик да го уништува тоа што е инвестирано за доброто на граѓаните, пишува Телеграф.мк.
Најмногу оштетувања има на возот што сообраќа на релација од Скопје кон Велес и обратно. Дека има оштетувања се уверивме и лично додека возот беше исклучен од сообраќај. Како што веќе пишувавме, возовите не се стари ни половина година, а се мета на групи граѓани што ги уништуваат.
Засега нема информации дали се работи за издвоени случаи на вандализам или, пак, групи граѓани намерно влегуваат во возовите за да ги уништуваат.
Максималните казни се 500 евра, а висината се одредува по квалитетот на оштетувањето што е направено. Сепак, ако намерно се оштети дел од возот, со што може да се загрози безбедноста на железничкиот сообраќај, тогаш станува збор за кривично дело, казниво и со затвор. Сепак, досега никој не е казнет.

Оштетениот воз уште вози, секој ден по двапати кон Велес и назад, но сторителите не се пронајдени. Од „МЖ-транспорт“ велат декапронаоѓањето на сторителите оди тешко, иако, како што веќе сведочеа, казнувањето не им е цел. Посакуваат да се зголеми свеста кај граѓаните дека станува збор за нешто што е заедничко и треба да се чува.
– Казните за оштетување се движат и до 500 евра, во зависност кој дел од ентериерот е оштетен. Додека, пак, доколку со намерно оштетување се предизвика загрозување на безбедноста на железничкиот сообраќај, тогаш тие се квалификуваат како кривични дела и за истите се предвидени казни затвор. Досега не се пронајдени оние што прават штети, сепак, како што рековме и претходно, тоа не е целта. Граѓаните треба да се свесни дека возот треба да се чува за да трае и да се користи подолго – вели Кире Димановски, директор за патнички транспорт во „МЖ-транспорт“.
Димановски и претходно за Телеграф.мк изјави дека доколку постојат вакви деструктивни форми на дејствување, тогаш сите обиди за зачувување на возовите нема да бидат соодветни на вложениот напор, а на крајот токму тие деструктивци ќе забележуваат дека железницата во Македонија не е на потребното ниво.
Инаку, во новите кинески возови е инсталиран и видеонадзор, а станува збор за патнички гарнитури со исклучителен квалитет и модерен изглед. Владата набави шест нови патнички воза, а во мај ќе биде пуштен четвртиот, кој веќе е во земјава.
Извор: Телеграф.мкДупки на прозорците, скршен дел од надворешноста, уништен дел од ентериерот, се видливи на еден од новите возови што беа набавени во земјава за обн

Пронајдете не на следниве мрежи: