ЗАЕВ мисли дека е СВЕТЕЦ

Според црковниот календар на МПЦ, на 2 октомври е денот на сите македонски светители. Претседателот на СДСМ Заев, своевремено, во 2014 година за себе тврдеше дека е, цитираме: црпнат од нива да ја води Македонија.Првата недела во октомври е божем прифатлив датум за избори за СДСМ. Според неофицијални партиски извори ваква понуда пристигнала од “Бихаќка” во разговорите со меѓународниот фактор и ВМРО-ДПМНЕ за надминување на кризата.Во пакет со избори кои би требало да се одржат на 2 октомври, опозицијата настојува да се повлече и аболицијата.Од другата страна, ставот на ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Високи извори од владејачката партија велат дека датумот на изборите не е тема за која може да се преговара, бидејќи нивното одложување би значело заобиколување на Уставот, позиции со кои партијата не може да се согласи.
Ваквата поставеност на ставовите остава голем јаз меѓу партиите кој според експертите, тешко е да се верува дека ќе биде надминат.Опозициската партија преку медиумите кои ги држи под контрола лиферуваше информации дека до денес се очекува да падне конечен договор според кој сите барања на Заев би биле прифатени, односно, аболицијата би се повлекла, Собранието би се свикало повторно, а изборите би се одржале на средина од есента.Според експертите, со ваквите постапки СДСМ само гради позиции во пресрет на дополнителното интензивирање на преговорите кое треба да финишираат со лидерска средба.Завчера амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли, оствариле средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Што се разговарало на овие средби од партиите не откриваат. Во изминатите денови имало и серија средби на партиско ниво меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но според неофицијалните информации, не резултирале со посериозно приближување на ставовите.
Во целата ситуација, според експертите на тежина добива ДУИ, партија од чија одлука во голем дел ќе зависат изборите на 5 јуни.Појасна слика се очекува да се добие денеска откако синоќа на полноќ истече рокот во кој партиите требаа да ги достават списоците со членовите на избирачките одбори. Партиите кои нема да достават свои кандидати извесно е дека нема да учествуваат на изборите.Неофицијалните информации велат дека ВМРО-ДПМНЕ веќе ги доставиле своите кандидати, а тоа се очекува да го сторат и ДУИ и ДПА.Според црковниот календар на МПЦ, на 2 октомври е денот на сите македонски светители. Претседателот на СДСМ Заев, своевремено, во 2014 година за себе тврдеше дека е, цитираме: црпнат од нива да ја води Македонија.
Извор: Журнал.нет
 Првата недела во октомври е божем прифатлив датум за избори за СДСМ. Според неофицијални партиски извори ваква понуда пристигнала од “Бихаќка

Пронајдете не на следниве мрежи: