Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ денес покажа што е лицемерно однесување.Тој лани по трагедијата кај Диво насење со партискиот лидер Зоран Заев наместо да ги посети повредените бранители, отиде кон Куманово и си правеше насмеани “селфи“ фотографии со оние кои им помагаа на терористите.
Еден ден откако загинаа 8 македонски херои, Спасовски отиде во Диво насеље и се фотографираше со оние кои ги криеја терористите во своите домови и им помагаа пред кобниот ден.
Денес, Спасовски лицемерно се фотографираше со колегите на загинатите бранители.
Неговите сопартијци и високи функционери на СДСМ, цела година го злоупотребуваат овој настан, објавуваат манипулации и невистини. Тие се исмеваа и со оние кои го положија животот во одбрана на Македонија.
Со смртта на македонските херои тогаш се исмеваше и партискиот портпарол на СДСМ, Петре Шилегов.
Гласноговорникот на СДСМ, Тричковски, во свој познат безобразен, морбиден стил тој ден посака да има уште повеќе жртви:
Тој лани по трагедијата кај Диво насење со партискиот лидер Зоран Заев наместо да ги посети повредените бранители, отиде кон Куманово и си правеше