Судијката која го води предметот, Весна ПетровскаТагасовска, соопшти дека во обвинителниот акт е наведена целата штета која се однесува на сите демонстранти, но нагласи дека во меѓувреме и стигнал и нов предмет за други демонстранти за кои таа не прифаќа спојување на постапката15.000 евра чини штетата направена од демонстрантите на СДСМ и СОРОС на канцеларијата на Претседателот Иванов. Двајцата обвинети кои денеска седнаа на обвинителна клупа ги дочека одложено рочиште на кое требаше да им се суди за учество во толпа. Според обвинителниот акт, штетата од демолирањето на канцеларијата изнесува 880.000 денари, односно 15.000 евра.
Судијката која го води предметот, Весна ПетровскаТагасовска, соопшти дека во обвинителниот акт е наведена целата штета која се однесува на сите демонстранти, но нагласи дека во меѓувреме и стигнал и нов предмет за други демонстранти за кои таа не прифаќа спојување на постапката.
„Не прифаќам спојување на постапката, бидејќи не сакам да им го ускратам правото на одбрана на овие двајца обвинети кои изразија подготвеност за признавање на вина. Сметам дека сумата е превисока за само овие двајца обвинети да ја платат и затоа го вратив обвинителниот предлог на обвинителството за да биде прецизирана штетата само за овие двајца обвинети“, рече судијката во судницата.
И според одбраната неправично е штетата од 880 илјади денари да ја сносат само двајцата демонстранти кои со признавањето на вина автоматски ќе бидат задолжени да ја платат.
„Самата штета не беше поткрепена ниту со вешт наод и мислење, туку беше паушално утврдена и во таа смисла бидејќи моите клиенти се обременети со досие сметаме дека најдобра варијанта е признавање на вината, но за да го избегнеме прифаќањето на сите трошоци и целата штета, побаравме обвинителниот предолг да биде прецизиран во смисла на најмалку солидарна одговорност или отштетното побарување да се бара преку граѓанска постапка“, рече адвокатот Владимир Данаилов.15.000 евра чини штетата направена од демонстрантите на СДСМ и СОРОС на канцеларијата на Претседателот Иванов. Двајцата обвинети кои денеска седнаа