Министерство за култура: Вандалите оштетија објект од 1927 година кој е културно наследство заштитено со Закон

Министерството за култура најостро го осудува синоќешниот вандалски чин со кој е оштетена фасадата на зградата на ресорното министерство, објект кој е изграден во 1927 година и претставува културно наследство заштитено со Закон.-Во вчерашниот напад на таканаречените „борци за демократија“ од Граѓанското здружение „Протестирам“ оштетена е и скулптурата на македонскиот уметник Сашо Саздовски, поставена на влезот во зградата на Министерството, а осквернавени се и знамињата на Република Македонија и на Европската унија. Се прашуваме, дали ваквиот насилен однос кон културните институции во земјава и кон културното наследство кое го поседуваме како држава е алтернативата која ја нуди Граѓанското здружение „Протестирам“ и СДСМ за иднината на Македонија, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Ваквиот одраз на примитивизам, немањето основно чувство за сопствената култура и држава и почит кон културно историските споменици, како што се наведува, мора да бидат предмет на осуда на сите граѓани кои Република Македонија ја чувствуваат за своја татковина, како и на сите претставници на меѓународната заедница во државава кои се залагаат за почитување на културниот идентитет како една од темелните вредности на Европската унија.
Министерството за култура бара од Министерството за внатрешни работи во најкус временски период да ги спроведе сите потребни мерки за пронаоѓање на виновниците на, како што се наведува, ваквиот нецивилизиран чин.
-Против овие лица, согласно Законот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, а за инцидентот детално ќе се информира и Канцеларијата на Европската унија во Скопје, информира Министерството за култура.-Во вчерашниот напад на таканаречените „борци за демократија“ од Граѓанското здружение „Протестирам“ оштетена е и скулптура

Пронајдете не на следниве мрежи: