Во средата зад нас (13-ти април), тииииит, односно Бејли чадорот заедно со своите службеници во амбасадата плус Аиво Орав, ја имале направено смртоносната клопка за македонскиот народ, нација и држава. Направиле стратегија на специфичен државен удар, по кој би бил елиминиран лидерот на слободна Македонија Никола Груевски. Се спремала ликвидација на Груевски, но во тој момент не физичка ликвидација, туку отстранување од македонската јавна сцена.Планот бил подмолен, но прецизен. Се чекало по редовен распоред на дежурствата, значи без таласање, на работа во попладневна смена во Општински суд 1 (Кривичен суд) во Скопје да дојдат двајца судии во предистражна постапка, кои се фамилијарно, идеолошки и материјално дебело врзани за СДСМ, СОРОС и дополнително за амбасадата на тииииит, односно на САД.
Во една таква поставеност на работите, а со координација од лице место (Судот) на американскиот имплант Митко Бурчевски, во таа среда трите тииииит односно дрољи од СЈО требале да направат драматична прес конференција околу пладне, и да објават дека го отвораат случајот што планирале да го наречат „Тефлон“, пишува „Дудинка.мк“.
Целиот случај би бил за Никола Груевски. Ордите на Оливер Спасовски веќе би имале наредба за приведување на Груевски во моментите кога би се движел од дома до кабинетот во Партијата. Попладнето би бил изведен пред судија, и околу полноќ би му била одредена мерката притвор.
Без разлика на подоцнешните жалби, поништување на притворот и слично, државниот удар би бил изведен.
Секако тоа би значело луѓе на улица, судир на македонци пртив Македонци. Странска интервенција. Странец губернатор. И, збогум Македонијо.
За среќа, акцијата на Претседателот Иванов ја има осуетено оваа гадотија.
Заради тоа во од средата наваму амбасадорите се збеснати, споулавени, агресивни… Не им излезе планот. Плус, никако не можат да дознаат дали Иванов случајно го избрал тајмингот, или информациите (како оние кај Борисов) се добиени од некој далеку поголем чадор од чадорчето Рикер?!
Заради овие податоци, што ги изнесов во емисијата денеска ептен рано наутро, имаше толку многу тииииииитттт…
ВАЖНО:
Благодарност до сите оние вработени, дактилографки, службенички, административен персонал во Основен 1 – ГОРДИ МАКЕДОНЦИ, што ја споделија оваа голема завера со МАКЕДОНСКАТА јавност.Планот бил подмолен, но прецизен. Се чекало по редовен распоред на дежурствата, значи без таласање, на работа во попладневна смена во Општински суд