Коѕиас повторно со напади и обвинувања кон Македонија

Македонија употреби несоодветни средства во справувањето со бегалците и повеќе пати го прекрши меѓународното право, изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас во интервју за „Весникот на новинарите“.Тој рече дека официјална Атина „ѝ препорачала“ на нашата земја „да го разгледа она што го прави и какви последици тоа ќе има врз идните односи со европскиот институционален систем“.
– Одговорност сносат и земјите-членки на ЕУ, кои и покрај нивното присуство во Македонија, не го спречија таквото однесување, изјави Коѕиас.
Според него, Грција „од своја страна, со вакви прашања се соочува смирено и одговорно“.
– Оние кои мислат дека ќе престанеме со преземање иницијативи и остварување на проактивна надворешна политика, се будали. Оние кои не можат да ги поднесат тешкотиите на надворешната политика и ја губат својата сталоженост, треба подобро да се погледнат себе си, изјави грчкиот министер.
Коѕиас потсети дека на 14 април се одржа првиот трилатерален состанок за прашањето на бегалците со Албанија и Италија и информира дека на 21 и 22 април, во Солун, ќе биде домаќин на состанок за прекугранична соработка со министрите за надворешни и за внатрешни работи на Бугарија, Македонија и Албанија.Тој рече дека официјална Атина „ѝ препорачала“ на нашата земја „да го разгледа она што го прави и какви последици тоа ќе има врз

Пронајдете не на следниве мрежи: