Спасов посочува дека анкетите на ИРИ со кои се предвидува пораз на СДСМ се точни

Коментирајќи ја анкетата на „Брима Галуп“ направена за потребите на ИРИ која покажа двојна предност на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ, односно 24:12 отсто, Ѓорги Спасов од агенцијата „Рејтинг“ вели дека анкетите на ИРИ се точни, но начинот на кој биле интерпретирани бил погрешен.-Јас сметам дека било која агенција да спроведе истражување на професионален начин како што ова го има направено „Брима Галуп“ ќе ги добие овие резултати кои што ги објави „Брима Галуп“ и јас не ги спорам бројките кои се објавени, вели Спасов во емисијата „Акцент“ која се емитуваше на МРТ.
Вие можете тој резултат што го имате 24:12 да го интерпретирате на неколку различни начини, нагласува Спасов.
– Значи зборувам не за грешка на агенциите за испитување на јавното мислење кои што сосема професионално си ја завршуваат работата, туку за грешка во интерпретацијата, што ќе изберете вие за да прикажете како резултат од одредено истражување и како тоа ќе го интерпретирате во јавноста и тука најчесто агенциите кои што ги спроведуваат истражувањата и тука ниту нарачателот како што е ИРИ не можат да влијаат на тоа, тоа е веќе во деоменот на медиумите, во доменот на новинарската интерпретација, вие на тоа не можете да влијаете, изјави Спасов.-Јас сметам дека било која агенција да спроведе истражување на професионален начин како што ова го има направено „Брима Галуп“ ќе ги до

Пронајдете не на следниве мрежи: