За 24 часа издадени се потврди на вкупно 3.291 странски државјани, од кои 1.397 се од машки пол, 712 се од женски, 1.153 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 29 дете кои патува без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.451, од Авганистан 962 и Ирак 878.
Во периодот од 19 јуни 2015 до ноќеска на полноќ, издадени се потврди на вкупно 345.211 странски државјани, од кои 191.528 се од машки пол, 56.680 се од женски, 79.057 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.946 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 197.067, потоа Авганистан 84.460, Ирак 42.243, Иран 6.231, Пакистан 5.416, Палестина 2.158, Сомалија 1.276, Бангладеш 1.253, Мароко 1.317, Конго 514, Алжир 453,Либан 434, Нигерија 279, додека останатите се во помал број.
Во последното деноноќие до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за вчерашниот ден евидентирани се вкупно 20 баратели на азил од кои девет мажи, две жени, осум деца со придружба на старател и еден малолетник без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, четири баратели на азил (две малолетни лица без придружба на старател и два мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Мобилните тимови на Црвениот крст вчера укажале прва помош на 112 лица на Табановце и на 345 лица кај Гевгелија.Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, соопшти денеска МВР, најбројни се државјаните на Сирија 1.451,