Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2015 година, се евидентирани 7155 слободни работни места во Република Македонија. Истиот податок се покажува на порталот на Агенцијата за вработување каде што работодавачите ги објавуваат своите огласи во кои бараат работници за пополнување на работните места.Согласно податоците од државна статистика најголем број на слободни работни места се евидентирани во преработувачката индустрија каде компаниите имаат потреба за вработување на 2 269 лица, а потоа следуваат трговијата на големо и мало и поправка на моторни возила каде бројот на слободни работни места изнесува 1 328, секторот градежништво во кој се нотирани 725 слободни работни места, во транспорт и складирање 553 слободни работни места, во објектите за сместување и сервисни дејности со храна каде се нотирани 471 слободно работно место, како и во останатите сектори и дејности во кои се дефинирани слободни работни места со различни видови на потребни квалификации.
Бројот на слободните работни места е најголем во компаниите кои имаат од 10 до 49 вработени каде има 1 876 слободни работни места како и во компаниите кои имаат од 3 до 9 вработени каде се нотирани 1874 слободни работни места. Потоа следуваат големите компании со над 250 вработени во кои има 1 793 слободни работни места и компаниите од 50 до 249 вработени во кои има 1 612 слободни работни места.
По региони најголем број на слободни работни места статистика изброја во скопскиот регион каде има 3 271 слободни работни места, пелагонискиот со 1102, вардарскиот 869, источниот 570, југоисточниот регион 511, североисточниот 363, полошкиот 244 и југозападниот 227 слободни работни места.
Од Владата велат дека за пополнување на овие детектирани слободни работни места може да се користат мерките и програмите на Агенцијата за вработување, во кои државата ги покрива трошоците за ангажман на работници во определен временски период, период во кој работодавците може да стекнат впечаток за квалитетот на работниците, и да извршат обуки и преквалификации со цел да ги задржат работниците во редовен работен однос.
-Последните податоци покажуваат дека работодавците во Македонија имаат определена потреба од ангажман на дополнителен број на работници, затоа сметаме дека токму мерките кои што ги реализира Агенцијата за вработување може да бидат од голема помош и големо значење за самите работодавци, особено оние мерки кои што претпоставуват во определен, пробен период, од 3,6 или пак 9 месеци, државата да ги покрива сите трошоци и надоместоци за ангажираните работници кај работодавците. Тоа е период во кој што работодавците можат да се уверат дека ангажираните лица ги исполнуваат потребните квалификации со цел да ги задржат во траен работен однос или пак во тој определен пробен период да извршат дополнителни обуки, квалификации, доквалификации на работниците со цел да ги подигнат на едно повисоко ниво на знаења и вештини и понатаму да го задржат работниот однос како траен на неопределено работно време. Тоа е од добро значење и добра помош за смите лица кои бараат работа затоа што на тој начин тие може да ги убедат своите работодавачи дека токму тие се лицата кои би требало да бидат задржани во редовниот работен однос, истакна владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Меѓу поголемиот број на мерки во кои државата финансира или кофинансира вработувања, се и мерките за обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување, мерката за практикантство, обуките за дефицитарни занимања и останати мерки.
За мерката обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување во период од три месеци државата обезбедува по 6200 денари, во следните шест месеци по 19 000, при што тие имаат обврска потоа работниците да ги задржат на работа во следните 12 месеци.
Со мерката практиканство на младите до 29 годишна возраст им се укажува можност да работат во одредена компанија и во првите три месеци добиваат по 6200 денари од државата, по што компанија одлучува дали ќе ги задржи тие лица во редовен работен однос.
Досегашните искуства од овие мерки покажуваат дека над 65 % од лицата коишто биле ангажирани во привремен работен однос продолжиле да работат во компанијата со трајно вработување.Согласно податоците од државна статистика најголем број на слободни работни места се евидентирани во преработувачката индустрија каде компаниите им