ОК ВМРО – ДПМНЕ Битола со реакција на одржаниот прес на СДСМ во Битола

Реакција од одржаниот прес на СДСМ во Битола, ви ја пренесуваме во целост…Почитувани опозиционери,
Желбата за дневно политички поени повторно се појавува како Ваша основна водилка без притоа да се води сметка за вистината.  Токму непознавањето на нештата и користењето на тоа непознавање да се манипулира јавноста е небулозно. Наместо да се информирате што вистински се презема во Битола од оние кои нависта работат и реализираат проекти, повторно се претставувате како главни душегрижници за Битола и за Битолчани.И токму денешниот ден на кој се спроведува една позитивна активност на државно ниво Вие вашето време го трошите на подготовка на нестручни говори.
 Добро знаете дека ВМРО-ДПМНЕ работи на решавање на проблемот со амбиенталниот воздух во Битола,Новаци и Могила. Очигледно СДСМ се плаши затоа што проектот со топлификација на Битола се работи и веќе е реалност, па  нивните небулозни обиди за манипулирање со јавноста нема да можат да поминат соочени со реалните факти. 
Конкретрно  од проектот за Топлификација на Битола, Новаци и Могила- каде од вкупната инвестиција, околу 4 милиони евра веќе се реализирани со тоа што на два блокови блок 2 и блок 3  од Термоелектраните Битола изведено е регулирано одземање на пареа за системот на топлификација
Изработен е и комплетен проект, кој преку инвестиција од 46 милиони евра ќе придонесе за целосна изведба на проектот и негово ставање во функција. Со овој проект се елиминира штетното влијание од честичките кои се резултат на процесот на согорување на горивото кое се користи за затополување на домовите, кои се најзначајниот фактор за зачувување на животната средина особено во зимскитемесеци. Во наредниот период ќе се изврши и санација на разладните кули  со нови еколошки материјали со инвестиција одоколу  10 милиони евра, со што се очекува да се реализира заштеда од 43.000 тони јаглен на годишно ниво што претставува значително намалување на емисијата на штетни гасови.
Но што е тоа според Вас? Работата, проектите и резултатите не се важни, важно е да се манипулира со јавноста. Ако Вас почитувани Ви беше грижа  за пензионерите, студентите, учениците, граѓаните, денес ќе излезевте заедно со сите битолчани и ќе бевте дел од акцијата засади ја својата иднина, наместо тоа уште еднаш Ве гледаме на една од вашите најомилени активности а тоа се прес конференции. Вашите прес конференции,  меѓу кои и денешната се само пласирање на невистина за граѓаните.
Во меѓувреме, ние заедно со оние за кои непрекинато работиме  бевме на терен во акција со која се покажува дека  на некој навистина му е грижа за граѓаните а тоа како и секогаш е ВМРО ДПМНЕ. Оваа прилика повторно ќе ја искористиме да Ве потсетиме само Вас,  бидејќи народот многу добро го знае, а тоа се проектите што ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше за Битола во изминатите години. 
– Изградена е индустриската зона “Жабени”, каде моментално функционира најголемата инвестиција “Кромберт и Шуберт” која вработува повеќе од 2.000 луѓе. 
– Започната е реконструкција на регионалниот пат Битола- Ресен,
– Започната е реконструкцијата на железничката станица во Битола,
– Започната е реконструкција на Клиничката Болница Битола,
– Асфалтиран е патот на Пелистер од детското одморалиште до Молика
– Изградени се 4 кружни текови: Дулие, Довлеџик, Јавор и Веро
– Реконструирана е улицата Довлеџик 
– Изграден е новиот мост на ЦРН МОСТ,
– Изграден е булеварски влез од Прилеп кон Битола
– Реконструиран е регионалниот пат М5
– Поставени се нови автобуски стојалишта во Битола 
– Модернизиран е влезот на Битола од страната на Охрид
– Во тек е осветлување на ски стазата во Ниже Поле
– Во тек е целосна реконструкција на Зелениот пазар во Битола
– Извршена е реконструкција и ревитализација на Градското шеталиште
– Изградени нови спортски сали: Павел Шатев (студентски дом), СОЕУ Јане Сандански, СОМУ Др. Јован Калаузи, СОЗУ Кузман Шапкарев
– Изградени 3 тениски терени
– Отворен е нов Ветеринарен Факултет
– Изграден е дом за стари лица СЈУ РАЈДЕР
– Изградени 148 социјални станови
– Реконструиран е објектот на Центарот за социјална работа
– Набавена е нова медицинска опрема во Клиничка Болница Битола
– Изграден е бункер за акцелератор и придружни содржини во Клиничка болница – Битола
– Изготвен е детален урбанистички план за АРМ четврт 1,2,3 и спроведени инфраструктурни активности во населбата Златен Рид
– Изградба на киното “Манаки”,
– Реализирано Јавно приватно партнерство за зонско паркирање
– Реновирани се и поставена е нова дограма во училиштата: ОУ Стив Наумов, ОУ Трифун
Пановски, подрачно училиште Елпида Караманди во село Доленци, ОУ Коле Канински, ОУ Гоце Делчев, ОУ Даме Груев, ОУ Ѓорги Сугарев, ОУ Александар Турунџев, подрачно  училиште Тодор Ангелевски во с.Горно Оризари, ОУ Кирил и Методиј, СОЕУ Јане  Сандански, СОМУД Д-р Јован Калаузи, СОТУ Ѓорѓи Наумов, СОУ Таки Даскало, подрачно училиште Крсте П. Мисирков во с. Канино, монтажно училиште во село Поешево.
– Отворени се нови градинки во с. Бистрица, с.Кукуречани и с.Долно Оризари
– Асфалтирани се повеќе од 100 улици, извршена е реконструкција на водоводна и канализациона мрежа на повеќе од 60 улици.
Почитувани, ова се само дел од реализираните проекти на ВМРО-ДПМНЕ за Битола, но не застануваме тука продолжуваме да работиме за доборото на Битола и битолчани, не преку небулозни пресови туку со работа со проекти и резултати. Граѓаните на Битола добро го знаат тоа и ќе го потврдат уште еднаш на 24 ти април кога повторно својата доверба ќе ја дадат на оној кој тоа го заслужува а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.Почитувани опозиционери,
Желбата за дневно политички поени повторно се појавува како Ваша основна водилка без притоа да се води сметка за в

Пронајдете не на следниве мрежи: