Нивната неспособност и нивните лаги излегоа на виделина во Струмица каде успеаа да донесат 0 инвестиции од 30 најавени и да отворат 0 вработувања од најавените 3000. Индустриската зона во Сачево која ја најавуваше Зоран Заев е празна ливада од која граѓаните поголема корист ќе имаа доколку ја засееше со тикви.Зад ВМРО-ДПМНЕ постојат конкретни дела и резултати. Во Охрид Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ привлече странски инвеститори и тоа се гигантите Костал и ОДВ Електрик кои обезбедуваат илјадници нови работни места во Охрид, но и во поширокиот регион. СДСМ очигледно од омраза не можат да смогнат доблест и да го поздрават.
Да можеше и да знаеше СДСМ нешто да направи во интерес на граѓаните во Охрид веројатно и нешто ќе направеше бидејќи таму ја практикуваше локалната власт до пред извесно време. А што остави СДСМ во Охрид граѓаните многу добро знаат. Тие оставија пустош и ја претворија општина Охрид во најзадолжена општина во регионот со над 50 милиони евра долг.
Ако половина од овој долг од времето на СДСМ, беше користен за инфраструктура и привлекување на странски инвеститори, денес Охрид ќе имаше десетици фабрики кои ќе вработуваа десетици илјади охриѓани.
За жал СДСМ ниту имаше, ниту има капацитет да работи во интерес на граѓаните. Тоа граѓаните ќе го казнат на 24 април, десетти пат по ред.Зад ВМРО-ДПМНЕ постојат конкретни дела и резултати. Во Охрид Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ привлече странски инвеститори и тоа се гигантите