Добро би било, членот на советничката група на СДСМ од Гази Баба, Дарио Николовски, прес конференцјата да ја направеше во Стајковци, каде се гледа што е направено, а не информациите да ги дава од друга локацијаБлагодарение на поддршката на претходната Влада на РМ и градот Скопје, до сега во Стајковци се асфалтирани 44 улици со вкупна должина од 8740 метри , со комплетна реконструкција на фекалната канализација и на водоводната мрежа. На останатите 10 улици во должина од 1200 метри, во тек е реконструкција на водоводната мрежа, по што ќе следи нивно асфалтирање.
Во однос на изградбата на градинката, превземени се конкретни активности, од кои општина Гази Баба днесе планска документација за утврдување на локацијата и обезбеди финансиски средства за оттуѓување на земјиштето за нејзина изградба.
Градинката во Стајковци беше ставена во Програмата на претходната Влада со уште три градинки, и тоа во Инџиково, Трубарево и Керамидница.
Ги замолуваме членовите на Советот од советничката група на СДСМ Гази Баба да не ја манипулираат јавноста со вакви тенденциозни прес конференции и го одвлекуваат вниманието од вистинската состојба, односно да си ја запрашаат новата Влада, зошто се скратени средствата во Буџетот за изградба на градинки.
И уште еднаш, по којзнае кој пат, упатуваме јавен повик до членовите на СДСМ од Гази Баба, да кажат дали воопшто имаат, ако имаат, колку и кои проекти ги реализирале во минатото на територија на општина Гази Баба, вклучувајќи го и периодот од сегашната нова Влада.Благодарение на поддршката на претходната Влада на РМ и градот Скопје, до сега во Стајковци се асфалтирани 44 улици со вкупна должина од