Општина Кисела Вода досега легализираше 5080 дивоградби

Општина Кисела Вода продолжува со процесот на легализација на дивоизградените објекти. Денеска нови 50 семејства се стекнаа со документ со кој станаа реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од досега поднесените 13853 барања за легализација, бројот на легализирани бесправно изградени објекти заклучно со денешниот ден се искачи на 5080.Со тоа, оваа локална самоуправа направи уште еден чекор  во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на просторот и создавање услови за хумано живеење и работа. Претставува можност за изготвување на нови детални урбанистички планови, со што се дава шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките.Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3891. Исто така, изготвени се уште 267 урбанистички согласности, од кои, за 205 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.Со тоа, оваа локална самоуправа направи уште еден чекор  во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување и користење на простор

Пронајдете не на следниве мрежи: