Градот под Марковите кули доби нова градинка

Во присуство на Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, пратениците во собранието на РМ, Претседателот на Совет, градоначалникот Марјан Ристески и пред голем број на родители со пригодна свеченост, денес,  беше отворена новата градинка во центарот на градот Прилеп.„Се надевам дека со оваа нова градинка ќе им се овозможи на децата да имаат пријатно катче во кое ќе се згрижени, да бидат присутни во овие простории, да се дружат, да научат нови работи и да се подготват соодветно за останатиот образовен процес во основните училишта, посочи директорката на ЈОУ „Наша Иднина“ Христина Трпческа.
Средствата за изградба и опремување на новата градинка се обезбедени од страна на локалната самоуправа и министерството за труд и социјална политика.

„Ова е осма детска градинка која ја отвараме на ниво на Републикава во оваа година. Сакам да изразам благодарност до градоначалникот за вниманието кое го посвети во изминатиот период за зголемување на капацитетите за згрижување на деца на предучилишна возраст. Заедно со Владата изминатите години и во Прилеп и во другите општини направен е голем исчекор во насока на зголемување на бројот на детски градинки“, посочи Диме Спасов заменик министерот  за труд и социјална политика.
Според градоначалникот Марјан Ристески, општина Прилеп заедно со Вадата на РМ, министерството за труд и социјала, планира да се отворат нови градинки како во градот така и во населените места се со цел да се создадат услови за воспитување и згрижување на децата од предучилишна возраст.
Во градинката ќе може да бидат згрижени 60 деца од две до пет годишна возраст.„Се надевам дека со оваа нова градинка ќе им се овозможи на децата да имаат пријатно катче во кое ќе се згрижени, да бидат присутни

Пронајдете не на следниве мрежи: