Меѓународен форум за продукциски дизајн

Мапирање на моменталната состојба и дефинирање на предностите и недостатоците на оваа професија низ искуствата на повеќе видови професионалци во филмотМеѓународниот форум за продукциски дизајн  ќе се одржи викендов (27 и 28 август) во Битола каде Р. Македонија за прв пат ја има честа да се јави во улога на домаќин на еден ваков настан од областа на продукцискиот дизајн. Организатор на овој настан е регионалниот филмски фонд Балкан синема ситис – БСС во соработка со продуцентската и дистрибутерска куќа „КТ филм и медиа“ и со поддршка од градот Битола – член на мрежата на креативни градови на УНЕСКО.
Форумот има за цел зајакнување на меѓусебната соработка помеѓу филмските професионалци во регионот, како и размена на искуства од областа на филмската дејност. Овој настан претставува одлична можност за споредба на достигнувањата меѓу земјите учеснички како и инспирација за идните мерки за подобрување на состојбите во оваа професија и воопшто филмската индустрија на овие простори.
Форумот ќе собере на едно место домашни и меѓународни филмски експерти. На првиот настан од ваков вид во земјава списокот на земји учеснички ги опфаќа Македонија, Албанија, Грција и Бугарија.  Учество ќе земат директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, Мими Ѓоргоска-Илиевска, познатиот грчки продуцент Мајкл Сарантинос, чија компанија „Стефикон“ пред неколку години беше прогласена за продуцентска компанија во Грција, директорот на Интернационалниот филмски фестивал во Тирана, Агрон Доми, македонскиот режисер и продуцент Сашо Павловски, потоа познатиот режисер, актер и продуцент од Бугарија – Николај Мутафчиев, режисерот на бугарското телевизиско шоу „Преживеан“ (Survivor), продукцискиот дизајнер Влатко Зафирковски и други.
Програмата на настанот е поделена во пет панел дискусии што ги обработуваат актуелните теми од областа на продукцискиот дизајн и од филмската индустрија. Првиот ден од Форумот, ќе бидат опфатени мапирањето на актуелните состојби во оваа професија во регионот, нејзините предности и недостатоци, насоки и план за нејзин развој, со посебен акцент на размената на искуства меѓу земјите учеснички. Вториот работен ден акцентот ќе биде ставен на дискусиите во сферата на начините за вмрежување, вклучувајќи ги и начините за приклучување кон глобалниот тренд. Поентата е проблемите да се разгледаат од аспект на повеќе професионалци вклучени во филмскиот процес.
Форумот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија во рамки на Програмата за поддршка на креативните индустрии.Меѓународниот форум за продукциски дизајн  ќе се одржи викендов (27 и 28 август) во Битола каде Р. Македонија за прв пат ја има

Пронајдете не на следниве мрежи: