Културната летна манифестација , вчера вечер на жителите на Општина Карпош им овозможи рокерско уживање. Рок бендот „Темпера” , со својот енергичен настап, ја подигна атмосферата во публиката и ги разигра карпошани.
Гитаристот Драган Гиновски- Гино, тапанарот Мите Димовски, како и Ѓоле Максимовски на бас гитара, и вокалистката Тања Тас, се погрижија, љубителите на овој жанр музика, да се релаксираат во оваа летна августовска ноќ. Групата „Темпера’’, со својата динамична изведба и богатиот репертоар на песни, вчера вечер, културно го ,, обои ‘’ небото над Карпош.
Рок бендот „Темпера” , со својот енергичен настап, ја подигна атмосферата во публиката и ги разигра карпошани.



