Сите проекти што ги ветивме пред локалните избори во општина Јегуновце се исполнети освен изградбата на спортската сала кој очекувам да почне со градба до крајот на годината.Ова денеска го истакна градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески при пуштањето во употреба на модернизираната трафостаница „Југохром“ на кое присуствуваше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Тој нагласи дека очекува во наредниот период со Министерството за образование и наука да се договорат за почетокот на изградбата на салата во Јегуновце, да биде ставен камен-темелник и во текот на 2017 година таа да биде реализирана.
Коцевски го информира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека интензивно работат и на проектот за регулација на коритото на Вардар со што, како што рече, ќе се отстранат можностите од поплави во општината, но ќе се подобри и сигурноста на Скопје.
– Проектот е инициран на седница на Владата, а го реализира Градежен факултет Скопје и треба да го изготви до крајот на септември. За оваа година во Буџетот се предвидени 100 милиони денари за реализација и очекувам барем да биде избран изведувачот на работите. Станува збор за регулација на седум километри од коритото на Вардар што се очекува да биде готово за четири години, рече Коцески.
Во изминатите години, како што кажа, многу пати Вардар се изливал од своето корито, а ситуацијата се подобрила со чистењето на коритото на Вардар и Бистрица и правењето канали. Сепак, додаде, регулацијата на Вардар ќе значи спречување на натамошното поплавување на регионот.
– Со регулацијата на коритото нема да има потреба да се ограничува работата на Мавровските електрани и ќе може да работат со полн капацитет. Тие на нивниот излез испуштаат некаде околу 32 до 35 метри кубни во секунда вода, а за време на големи врнежи на најкритичното место во Раотинце Вардар доаѓа вода до 70 метри кубни во секунда. Вардар, пак, како речно корито во ниеден момент не може да прими повеќе од 50 метри кубни вода, рече Коцески.
Регулацијата на коритото, потенцира, ќе исправи дел од делниците и ќе има забрзување на реката која е целосно изместена од историското корито. – Затоа регулацијата ќе значи трајно решение не само за околните населби на Јегуновце, туку и за Скопје, посочи Коцески.Ова денеска го истакна градоначалникот на општина Јегуновце Тони Коцески при пуштањето во употреба на модернизираната трафостаница „Југохром&