Пехар за одбојкарскиот тим од ОУ „Партеније Зографски“

Пехар за одбојкарскиот тим од ОУ „Партеније Зографски“Во финалето на одбојкарскиот турнир  ,, Ѓурѓовден 2016“ во женска конкуренција, славеа одбојкарките на ОУ ,,Партеније Зографски“. Избраничките на професорот Мартин Мартиновски беа поуспешни во два сета  од своите  врсници од ОУ ,,Кирил Пејчиновиќ“. Инаку, првиот сет беше рамноправен.  Сепак , на крајот  со подобра завршница, во финишот славеа одбојкарките на  ОУ ,,Партеније Зографски“со  резултат 25:22, Во вториот сет, сега веќе, победникот на турнирот ОУ ,,Партеније Зографски“  со многу посигурна игра успеа да триумфира со 25:16. Третото место  на одбојкарскиот турнир го освои  ОУ ,,Рајко Жинзифов“.  Спортските натпревари  ,,Ѓурѓовден 2016“ продолжуваат со ракометот во машка конкуренција.  Во понеделник  во спортската сала ,,Архиепископ Доситеј“ со  почеток во 11 часот се играат четвртфиналните средби :  ОУ Н.Г.Дуња – Оу К.Кепески, ОУ П.Зографски – ОУ К.Ј.Питу и  и ОУ, Р.Жинзифов – ОУ К.Шапкарев.  Слободна е екипата на ОУ К.Охридски  Во  вторник се закажани полуфиналните средби, додека финалињата  според календарот на натпревари се играат во среда.Во финалето на одбојкарскиот турнир  ,, Ѓурѓовден 2016“ во женска конкуренција, славеа одбојкарките на ОУ ,,Партеније Зографски“.

Пронајдете не на следниве мрежи: