Бесплатно џиу-џица за децата од „СОС Детско село“

Клубот за џиу-џица „Такеда“ од Аеродром неодамна понуди бесплатни тренинзи за децата од СОС Детското село.На овој хуман чекор од џиу-џица клубот се одлучиле, како што вели тренерот Зоран Ристески, за да им овозможат и на овие дечиња пристап до спортските активности, кои помагаат за здрав развој, затоа што сметаат дека сите деца се исти и сите треба да добијат еднакви можности.
Тие тренираат два пати неделно во ОУ „Александар Македонски“ во Општина Аеродром, каде низ забава и игра се учи древната боречка вештина џиу-џица.
Од „Такеда“ апелираат до сите спортски клубови да се приклучат на оваа иницијатива и да понудат бесплатни тренинзи за децата од СОС Детското село и за други спортови.На овој хуман чекор од џиу-џица клубот се одлучиле, како што вели тренерот Зоран Ристески, за да им овозможат и на овие дечиња пристап до спортскит

Пронајдете не на следниве мрежи: