Реконструкцијата на „Трета македонска бригада“ готова во октомври

Денеска, 21.4.2016 година, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, извршија увид во втората фаза од градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот „Трета македонска бригада“.Втората фаза, која како што рече градоначалникот Трајановски, се очекува да заврши во октомври, се изведува на потегот од крстосницата со улицата „Васко Карангелевски“ до улицата „Никола Карев“, во должина од 1.400 метри.
Улицата со овие градежни активности треба да добие 4 сообраќајни ленти, зелен појас од 1,5 метри, велосипедска патека покриена со асфалт и широка 2 метра и тротоар покриен со бекатон-плочки со ширина од 3 метри. Ќе се изгради и средишна разделна жардиниера со широчина од 5 метри, а ќе се постави и ново осветлување.
Претходно, првиот дел од булеварот „Трета македонска бригада“, на потегот од булеварот „Србија“ до улицата „Фрањо Клуз“ беше проширен во должина од 1.243 метри.
Проширувањето на оваа сообраќајница овозможи побрза сообраќајна комуникација со другите делови од општината и со центарот на градот, а од друга страна се зголеми и сообраќајната безбедност.Втората фаза, која како што рече градоначалникот Трајановски, се очекува да заврши во октомври, се изведува на потегот од крстосницата со улиц

Пронајдете не на следниве мрежи: