Избрани најдобрите цртежи од конкурсот на тема „Моето училиште во иднина“

На 15.4.2015 година заврши ликовниот конкурс на тема: „Моето училиште во иднина“ што го организираа Општина Аеродром, Општина Карпош и Европското движење во Република Македонија по повод 9-тиМај, Денот на Европа. Во изборот за најдобар цртеж учествуваа околу 500 ликовни творби пристигнати од детските градинки и од основните училишта на територијата на Општина Аеродром и на Општина Карпош.
Во Општина Аеродром за најдобра ликовна творба во категоријата од предучилишна возраст е избран цртежот на НИКОДИНТРИМПАРОВСКИ од градинката „Срничка“ објект „Бамби“, второ место еМАРКО ПАВКОВСКИ од градинката  „Буба Мара“ објект Пчелка 2, додека третото место го освои  АНГЕЛА ПЕРОВСКА од градинката „Срничка“ објект „Бамби“.
Во категоријата од одделенска настава за најдобар е избран цртежот на САРА АНДОНОВСКА од V1 од ООУ „Блаже Конески“, второ место е МАРИЈА ТРАЈКОВСКА V1 и трето место ИВА ТРАЈЧЕВА и двете од ООУ „Блаже Конески“. 
Осмоодделенецот НИКОЛА ДИМОВ од VIII2 од ООУ „Љубен Лапе“ е избран за најдобар во категоријата од предметна настава, додека второто место ѝ припадна на МАРИЈА БОШКОСКА од VII1, а МИХАЕЛА КОВЧЕГАРСКА од VI1 од ООУ „Александар Македонски“ го освои третото место.
Комисијата составена од претставници на Европското движење во Република Македонија, на Општина Аеродром и на Општина Карпош, одлучи да додели и повеќе пофалници за ликовни творби, кои беа особено инспиративни: Теодора Ризова од „Пчелка1“, Предраг Митев и Темјана Трпковска од II1 во ОУ „Александар Македонски“, Лила Мирчевска од VII2 во ОУ „Александар Македонски“, Илина Ангеловска од VIII4 во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“. Комисијата награди и пофали исто толку ученици и од Општина Карпош.
Признанијата и пофалниците за наградените ликовни творби официјално ќе бидат доделени во ТЦ „Капитол“ на 5 мај во 11:00 часот.
Дел од цртежите што учествуваа на ликовниот конкурс, како и наградените творби, ќе бидат изложени во трговскиот центар „Капитол“ од 2 до 6 мај.
Целта на оваа манифестација е не само да се развие детската уметничка креативност и инвентивност, туку и младата популација од Општина Аеродром да се приближи кон европските вредности.
 
  Во изборот за најдобар цртеж учествуваа околу 500 ликовни творби пристигнати од детските градинки и од основните училишта на терито

Пронајдете не на следниве мрежи: