Општина Берово: Владата на РМ одобри средства за обесштетување на оштетените домови во непогодата од февруари 2015 година

Во согласност со Одлуката од Владата на РМ бр.42-3336/1 од 6-ти април 2016 година, 6 лица од општина Берово ќе бидат обесштетени од претрпените штети во објектите за домување во непогодата која се случи во февруари 2015 година.Средствата во висина од 48.930 денари се средства од резервите на Буџетот на Република Македонија за 2016 година и истите ќе бидат префрлени на посебна наменска сметка на општина Берово, a ќе се користат во согласност со одобрениот извештај од страна на Бирото за судски вештачења.
Овие 48.930 денари ќе бидат префрлени на лицата кои претрпеа штети на нивните домови во согласност со елаборатот кој го достави Комисијата за процена на штети при општина Берово до Владата на РМ во 2015 година.
За настанатите штети на објекти за домување во периодот од јануари до март 2015 година преку оваа одлука Владата на РМ од Буџетот за 2016 година одобри 2.159.928 денари за оштетените граѓани во општините Берово, Делчево, Долнени, Радовиш и Чешиново – Облешево.Средствата во висина од 48.930 денари се средства од резервите на Буџетот на Република Македонија за 2016 година и истите ќе бидат префрлени на пос

Пронајдете не на следниве мрежи: