Полуфинале на кошаркарскиот„FINAL FOUR“ 2016

Во организација на одделението за спорт и култура од општина Карпош, денеска, понеделник, со почеток во 12:00 часот во малата сала на С.Ц „Борис Трајковски“, ќе се одиграат полуфиналните натпревари во кошарка, во рамки на училишниот „Final four“. За пласман во утрешното финале, денеска, под кошаркарските обрачи, ќе одлучи полуфиналниот дуел помеѓу основците од „Лазо Трповски“ и „Војдан Чернодрински“, како и спортскиот „судир“ меѓу кошаркарите од ООУ „Јан Амос Коменски“ и ООУ „Димо Хаџи Димов“.Поуспешните две екипи од денешните полуфинални дуели, ќе се сретнат утре, во 12:00 часот во малата сала на С.Ц „Борис Трајковски“, каде ќе го дознаеме новиот училишен шампион во кошарка, на територија на општина Карпош.Поуспешните две екипи од денешните полуфинални дуели, ќе се сретнат утре, во 12:00 часот во малата сала на С.Ц „Борис Трајковски“,

Пронајдете не на следниве мрежи: