Се одржа женска трка во рамки на Виз Ер скопски маратон

Хајрие Азири со остварено време 7:30 минути е победник на овогодинешното издание на „Женската трка“ која се одржа во рамките на најпопуларната и најмасовната спортска манифестација во Македонија, „Виз Ер Скопски Маратон“.Стартот на „Женската трка“, која  се одржа во Градскиот Парк во Скопје го означи градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.
– Денеска сме тука во Градскиот Парк на „Женската трка“ која е дел од „Виз Ер Скопскиот Маратон“, каде ќе учествуваат повеќе од 1000 жени. Оваа трка станува се попопуларна и бројот на натпреварувачи расте секоја година. Годинава оваа трка е влезена и во официјалниот календар на Европската Атлетска Асоцијација. Ме радува фактот што од секоја година расте популарноста на „Виз Ер Скопскиот Маратон“, којшто стана препознатлив спортски бренд за Скопје и Македонија. Годинава „Виз Ер Скопскиот Маратон“ ќе се одржи по 12-ти пат на 8-ми мај, а досега за учество на оваа спортска манифестација се имаат пријавено 4.500 лица – кажа градоначалникот Трајановски.
Стартот и цента на „Женската трка“ беше на Школка во Градскиот парк и истата патеката беше во должина од 2 километри. Оваа трка имаше натпреварувачки карактер, каде се резултатите се рангираа целосно и во 7 категории според возраста. На најуспешните учеснички им беа доделени медали и дипломи. Пред одржувањето на трката се одржа и получасовно аеробик загревање за учесниците.
Хајрие Азири е победник на овогодинешното издание на „Женската трка“, второто најдобро време го имаше Виолета Ивановиќ со 7:38 минути, додека третото најдобро време го постигна Бојана Наумовска со 7:54 минути.
Последниот рок за пријавување на учесници во 12-то издание на „Виз Ер Скопски Маратон“ е  до 29-ти април (или додека не се пополнат предвидените места).
Стандардните трки – маратон (42.195км), полумаратон (21.097км) и трката на 5 километри остануваат и оваа година главно обележје на маратонот, а оваа година ќе се одржи и штафетен маратон, со што остануваат 4 трки на програмата како и што беше планирано и за минатиот маратон.
Повеќе детали за самиот маратон, пријавување и дисциплини има на веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.Стартот на „Женската трка“, која  се одржа во Градскиот Парк во Скопје го означи градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски.

Пронајдете не на следниве мрежи: