Започнува реализацијата на проект во вредност од 5,5 милиони евра во општина Берово

Во салата на општина Берово се одржа работен состанок во врска со спроведувањето на активностите околу ИПА проектот „Рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општина Берово и општина Пехчево“.На состанокот присуствуваа градоначалниците на општина Берово Драги Наџински и општина Пехчево Игор Поповски, претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, како и претставници од ЈПКР „Услуга“ од Берово и ЈП „Комуналец“ од Пехчево.
Целта на состанокот беше размена на информации и тековни активности околу проектот во вредност од 5,5 милиони евра преку кои ќе се рехабилитира и прошири канализационата мрежа во општина Берово и општина Пехчево, додека самиот проект опфаќа и изградба на атмосферска канализација во Берово.
Во врска со проектот досега се завршени правните постапки со кои е изберен изведувач и надзор, по што ќе се формира и работна единица за имплементација на проектните активности од претставници од трите страни, додека градежните активности се очекува да започнат веќе во втората половина од месец април.
Во рамките на проектот во текот на 2014 година е изготвена Физибилити Студијата за реконструкција на канализационата мрежа во Берово додека самиот проект е составен од следните проекти:
-Основен проект за изградба на мрежа за атмосферска канализација во град Берово
-Проект за проширување на секундарната мрежа за фекална канализација на Беровско езеро
-Основен проект за реконструкција на главен колектор за фекална канализација (лев и десен брег на река Брегалница) – Берово
-Основен проект за главен фекален колектор и доградба на дел од канализациона мрежа во с. Владимирово
-Основен проект на главен фекален колектор за населените места Пехчево и Чифлик
-Основен проект за канализационa инфраструктурa за населено место Смојмирово.
Предмет на основните проекти се фекалните канализационите мрежи во градот Берово и Пехчево и околните населени места Смојмирово, Владимирово и Чифлик коишто природно гравитираат кон постоечката пречистителна станица за отпадни води (ПСОВ) во Општина Берово.
Постоечката ПСОВ е во функција од 2010 година и е со капацитет од 14,000 ЕЖ, со можност за проширување до 21,000 ЕЖ. Моментално ПСОВ ги опфаќа отпадните води од Берово и Русиново што значи од вкупно 8,554 жители.
Преку самиот проект предвидено е и проширување на мрежата за атмосферска канализација во урбаниот дел на Берово, со цел да се решат проблемите со појава на поплави во периодите на дождови со јак интензитет.
Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Владата на РМ преку Министерството за животна средина и просторно планирање.На состанокот присуствуваа градоначалниците на општина Берово Драги Наџински и општина Пехчево Игор Поповски, претставници од Министерството за жив

Пронајдете не на следниве мрежи: