Градот Скопје ги известува граѓаните дека од 01.01.2016 година ќе почне користењето на електронските картички и функционирањето на АВЛ системот во автобусите на ЈСП-Скопје.Заради зголемениот интерес на приватните превозници за вклучување во овој систем, електронските картички во приватните автобуси ќе може да се користат од 01.05 2016 година.
Досега целосно е инсталирана опремата во 377 автобуси на ЈСП СКОПЈЕ која вклучува ГПС, ВЦУ (контролна единица), валидатор, фискален апарат, аудио известувања, внатрешни дисплеи во автобусите, а поставени се и инсталациите за втор валидатор.
Најавуваниот старт на интегрираниот тарифен систем ќе биде одложен од причина што предвидената бројка од 500 автобуси кои ќе сообраќаат во градскиот превоз се зголеми за дополнителни околу 130 возила по завршувањето на огласот на кој аплицираа приватните превозници.
Опремата која се вградува во автобусите не е во сериско производство и истата се изработува исклучиво за потребите на градскиот јавен превоз во градот Скопје, а времето за изработка и достава на истата во зависност од опремата е од 2 до 4 месеци.
Воедно, имаше и задоцнување на дел од приградските општини за потпишување на Договорот за вршење јавен превоз со Градот Скопје.Заради зголемениот интерес на приватните превозници за вклучување во овој систем, електронските картички во приватните автобуси ќе може да се корис