Отворен тестинг компјутерски центар во Берово

Општина Берово во соработка со СЕРТИПОРТ, во Берово го отворија првиот авторизиран тестинг компјутерски центар во регионот каде заинтересираните кандидати ќе можат да се стекнат со знаења и со сертификати за познавање на Микрософ Офис алатката која е потребна за сите државни службеници согласно измените во Законот кои стапија на сила во 2015 година.Тестинг центарот е сместен во Бизнис инкубаторот во Берово и на отворањето присуствуваа претставници од Општина Берово, директори и раководители на јавни институции во Берово, како и граѓани од општината, кои беа запознаени со можностите кои ќе ги нуди овој тестинг центар и со поволностите кои ќе ги имаат жителите на нашата општина.
Со отварањето на овој тестинг центар во Берово се излегува во пресрет на сите јавни службеници на кои е потребно да имаат сертификат за познавање на компјутерски вештини да се стекнат со истиот преку обука и тестирање во истиот, додека уште поголем бенефит ќе имаат невработените лица од општина Берово кои сакаат да конкурираат на огласите за јавни службеници со тоа што можат да добијат сертификат во Берово без издвојување на дополнителни издатоци за обуки и тестирања во тестинг центрите во Скопје.
Обуките кои ќе се извршуваат во тестинг центарот во Берово ќе ги изведуваат сертифицирани обучувачи со соодветен сертификат, за кои досега во општина Берово од редовите на општинската јавна администрација веќе има еден лиценциран обучувач за МОС Ворд, додека во зависност од потребите на тестинг центарот има можности за давање на лиценци и на други обучувачи.Тестинг центарот е сместен во Бизнис инкубаторот во Берово и на отворањето присуствуваа претставници од Општина Берово, директори и раководители на

Пронајдете не на следниве мрежи: