Заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, заедно со градоначалникот д-р Владимир Талески, денес посетија дел од проектите на министерството во Општина Битола.Проектот за реконструкција на објектот на Центарот за социјални работи е целосно завршен, а додека проектите за реконструкцијата на објектот на Центарот за вработување, дневниот центар за аутизам и патеката за слепи лица во градскиот парк се во завршна фаза.
Заменик министерот истакна дека за реализација на двата проекти, односно за Центарот за вработување и Центарот за социјални работи беа издвоени средства од донатори од Светска банка и од Европската унија во вредност од околу 21 милион денари. За дневниот центар за аутизам општината Битола обезбеди простор, додека пак министерството започна со реновирање и адаптација на просторот и истиот се очекува да биде во функција во наредната 2016 година. Исто така, градоначалникот Талески додаде дека кон средината на 2016 година во просториите на урбаната заедница „Стив Наумов“ во населба Буковски ливади, ќе се отвори дневен центар за стари лица и 2017 година дневен центар за лица со посебни потреби и со инвалидитет.
Проектот за реконструкција на објектот на Центарот за социјални работи е целосно завршен, а додека проектите за реконструкцијата на објектот