Во рамките на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, општина Карпош по петти пат го одбележува овој ден, трети декември, со пријателска средба со жителите од Карпош, со посебни потреби. На денешното дружење тие се сретнаа со Секретарот на Општината, Бојан Милошевски, претседателот на Советот на локалната самоуправа, Сашо Лазаревски како и раководителката на одделението за детска, социјална и здравствена заштита, на која беа презентирани дел од идеите на овие лица како потреби за полесно движење и функционирање во секојдневието.-Оваа година е петта по ред на која одржуваме состаноци и ги решаваме нивните проблеми. Секоја година бројот на хендикепирани луѓе во нашата општина е различен и ние како администрација која се грижиме за доброто на граѓаните помагаме при нивното секјодневно живеење. Им излегуваме во пресрет на нивните барања, па така, минатата година реализиравме неколку пристапни рампи во влезовите каде пристапот до нивните домови е многу полесен – истакна Лазаревски.
Оваа година во општина Карпош се регистрирани 67 лица со посебни потреби и истите ќе добијат парична помош од 4.000 денари, со цел да им се подобри тешката состојба во која се наоѓаат. Освен паричната помош, локалната самоуправа се грижи за лицата со хендикеп, градејќи пристапни рамки каде што има потреба од нив и обезбедува медицински помагала за лицата од ранлива категорија. Во рамките на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, најмалите дечиња од градинката „Орце Николов“, ги израдуваа присутните со новогодишни честитки изработени од нивните рачиња, а кои беа поделени на секој поединечно.-Оваа година е петта по ред на која одржуваме состаноци и ги решаваме нивните проблеми. Секоја година бројот на хендикепирани луѓе во нашата о